fbpx

VW ќе го покаже седмиот член на семејството ID во Лос Анџелес

VW потврди дека носи нов електричен концепт на Саемот за автомобили во Лос Анџелес, наречен ID Space Vizzion

Новиот концепт на компанијата е наречен ID Space Vizzion и е опишан како „кросовер на утрешниот ден“, автомобил што комбинира „аеродинамички карактеристики на Gran Turismo со пространоста на SUV модел“. Ова е прилично фенси начин да се опише еден спортски вагон.

Најновиот член на семејството ID се заснова на MEB платформата наменета само за целосно електрични возила и ветува дека ќе понуди возен опсег до 482 километри, благодарение на ефикасноста на електричниот погон и аеродинамичниот дизајн.

VW

„Досега, со семејството ID покажавме што се е можно со електричните возила од секој сегмент. Со ID Space Vizzion создаваме нов, целосно електричен сегмент“, изјави Клаус Бишоф, шеф на Volkswagen Design.

VW исто така потврди дека ID Space Vizzion претставува преглед на производна верзија која треба да пристигне на пазарот кон крајот на 2021 година, со различни верзии планирани за Северна Америка, Европа и Кина.

Поврзани вести

Back to top button