fbpx

VW Touran стана SUV

Volkswagen започна со производство на нова, приспособена верзија на компактното комбе Touran, кое добива кросоверски атрибути

Целосната премиера на автомобилот е закажана за средината на август, иако веќе започна неговото производство. Главниот и единствен засега пазар за овој автомобил ќе биде Кина. Производството на крос-верзијата Touran ќе се одвива во фабриката на компанијата со заедничко вложување на Volkswagen и SAIC.

Патем, првиот ваков произведен модел стана 19-милионскиот автомобил кој се симнал од производствените ленти на фабриката, која започна да работи во 1984 година. Во Кина, компактното возило се вика Touran L, а буквата L не значи продолжена верзија. Димензиите на моделот се исти како кај европската изведба, должина 4.527, ширина 1.829, висина 1.659 и растојание помеѓу двете оски 2.791 mm.

Touran

Идејата е дека поради фактот што се уште се продава и претходната генерација на моделот во Кина и за да не се меша со својата втора генерација, следи додаток L на неговото име. Новата крос-варијанта се разликува од стандардниот модел по решетката на ладилникот, која е во стилот на SUV-моделите на марката, исто така по браниците, дополнителните заштитни елементи на праговите и тркалата и по 18-инчни тркала достапни за возилото. Сепак, не е соопштен колкав е клиренцот кај новината.

Машината ќе биде достапна само со турбо мотор со 150 КС, кој работи во комбинација со 7-степен DSG пренос, 1.8 TSI (180 КС),кој е достапен и за стандардниот модел.

Поврзани вести

Back to top button