Williams и Italdesign подготвуваат перформансна ЕВ платформа
Компаниите Williams Advanced Engineering и Italdesign заеднички ги здружуваат силите со цел да креираат платформа за напредни електрични автомобили
Новата архитектура наречена EVX, која е заеднички производ на Williams Advanced Engineering и Italdesign, се одликува со неколку специфичности, меѓу кои и предниот и задниот дел на структурите на шасијата ќе бидат монтирани на карбонскo композитно куќиште. Ова значи дека импактот од судирите ќе може да се префрли на интегрираните странични прагови преку внатрешните засилувања. Ова резултира со унапредена торзиона цврстина и го намалува потпирањето на горната структура на платформата.
Калапената композитна структурна батерија е дизајнирана од страна на Williams Advanced Engineering и овозможува моќност од 1.000 kW и поддржува капацитети од 104 kWh и 120 kWh. Доколку е потребно, батеријата може да биде проширена до 160 kWh за потенцијални 1.000 километри опсег. Платформата може да прими меѓуоскино растојание од 2.900 до 3.100 милиметри и исто така користи рециклирани композитни материјали во својата конструкција.
И додека Williams Advanced Engeneering во моментов не произведува свои електрични возила, има огромно искуство во овој сектор со оглед на тоа дека е оригинален снабдувач на батерии за целата Formula E. Компанијата исто така снабдува батериски системи за ETCR и Extreme E шампионатите.
„Навистина сме среќни што можеме да ги здружиме силите со Italdesign за оваа возбудлива и временска соработка. Барањата за високоперформансни електрични возила продолжува да покажува сериозен раст, но до денес, се уште не е најдено окмплетно ЕВ производствено решение“, вели техничкиот директор на WAE, Пол Мекнамара.
Italdesign и Williams сакаат да создадат архитектура со која ќе ги снабдат новите и веќе етаблираните производители кои сакаат да произведуваат високоперформансни електрични автомобили.