fbpx

Xiaomi ќе направи свој автомобил

Кинескиот производител на електроника Xiaomi, кој во последните години стана многу популарен со паметните телефони, ќе направи сопствен автомобил - кросовер или теренец

Тој ќе се вика како и најпознатите мобилни телефони на брендот – Redmi, соопштија од компанијата. За остварување на своите планови, електронскиот гигант Xiaomi ќе соработува првично со автомобилскиот производител FAW, а во подоцнежна фаза планира да формира и сопствена единица која се занимава токму со разработката на автомобили.

Деновиве на пазарот во Кина ќе излезе кросоверот FAW Bestune Redmi кој е изграден врз основа на стандардниот модел T77. Под хаубата на автомобилот е поставен 1.2 литарски бензински турбомотор со моќност 143 КС. Тој ќе работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач или со автоматски со ист број брзини. Засега не е јасно дали новиот модел е со погон на сите четири тркала.

Xiaomi

Идниот кросовер ќе добие промени во дизајнот, за да може да се разликува лесно од стандардниот модел. Големите промени ќе бидат во електронските системи, а автомобилот ќе одговараат на нови сервисни услуги и технологии, обезбедени од Xiaomi. Машината ќе добие и со гласовен асистент Xiao AI, со чија помош се управуваат дел од системите.

Се очекува, кросоверот на Xiaomi да се нуди по цена од 89 800 јуани, што е околу 12.000 евра

Поврзани вести

Back to top button