Xiaomi потврди дека наскоро ќе се прошири на глобално ниво
Кинеската марка Xiaomi моментално се подготвува да го започне целосното производство на SUV моделот YU7

Технолошкиот гигант Xiaomi, познат по своите иновативни производи од областа на потрошувачката електроника, сега сериозно се нафрла на пазарот на електрични возила. Со своите модели SU7 и YU7, компанијата веќе има успех во Кина, а сега планира да ги лансира своите ЕВ и на глобално ниво. Ова го потврди претседателот на Xiaomi, Вилијам Лу, за време на Mobile World Congress во Барселона, Шпанија.
Иако Лу не даде конкретни детали, тој изрази голема возбуда за идните планови на компанијата. „Не можам да откријам премногу детали, но сум многу возбуден да ги известам нашите глобални корисници дека Xiaomi ќе ги лансира своите електрични возила на меѓународните пазари во следните неколку години“, изјави тој за CNBC.
Оваа објава го означува почетокот на нова ера за Xiaomi, која досега ги продаваше своите автомобили исклучиво на кинескиот пазар. Сепак, влегувањето на глобалните пазари ќе биде предизвик, бидејќи компанијата ќе мора да ги исполни различните стандарди и регулативи на секој регион. За разлика од Кина, каде што веќе ги исполнува локалните норми, меѓународната експанзија ќе бара дополнителни истражувања и прилагодувања.
Според извештај од декември минатата година, Xiaomi веќе формирала тимови за подготовка на бизнис-стратегии за истражување на можностите за продажба на електрични возила во странство. Веројатно, компанијата ќе започне со тестирање на пазарот во неколку земји пред да започне со пошироко лансирање. Овој пристап е сличен на оној на BYD кој успешно се прошири на глобално ниво.
Xiaomi веќе успеа да привлече големо внимание со своите модели SU7 и YU7, кои се нудат со моше конкурентни цени. На пример, SU7 Ultra, кој има три електрични мотори со вкупна моќност од 1.527 коњски сили, се нуди со почетна цена од 529.000 јуани (околу 70.000 евра).
Со своите амбициозни планови и иновативни производи, Xiaomi се надева дека ќе го повтори успехот на BYD и ќе стане значаен играч на глобалниот пазар за електрични возила.