fbpx

Забрана за дизелите во германските метрополи!

Врховниот суд на Германија им дозволува на големите градови да забранат сообраќање на дизел автомобилите низ своите улици - мерка која најверојатно ќе влијае на близу 15 милиони возила

Постои глобално „против“ автомобилите со дизел мотори, откако Volkswagen призна дека во 2015 година лажно ги претставувал вредностите на емисијата наштетни гасови во воздухот, за кои е познато дека предизвикуваат тешки респираторни заболувања. По ова следеа и ред други обвинувања на адреса на повеќе германски производители, па едноставно Врховниот суд на Германија како да немаше избор и ја донесе оваа, велат за граѓаните потребна мерка, но „нож во грб“ за автомобилската индустрија во земјата каде оваа економска гранка носи големи финансиски приходи и вработува стотици илјади лица.

дизел

Додека други земји, исто така размислуваат за ограничување на дизел возилата, забраната во родното место на модерниот автомобил е навистина нов удар за бизниссот, но и непријатности за владата на канцеларката Ангела Меркел, која се противи на забраните.

По одлуката на судот, берзите веднаш забележаа пад на цените на акциите на германските автомобилски компании. Оваа вест дојде малку, откако беше најавено дека германските власти подготвуваат можност да следи затворање на одделни патишта за дизел автомобили, повторно, за да се намали загадувањето на воздухот.

Се претпоставува дека ова и следните пресуди во оваа насока, ќе се одразат негативно на цените на дизел автомобили, бидејки побарувачката ќе продолжи да се намалува.

Поврзани вести

Back to top button