fbpx

Zagato ја најави својата нова креација IsoRivolta GTZ

Италијанскиот производител на каросерии најави уште една своја нова креација наречена IsoRivolta GTZ во чест на италијанско-американските автомобили

Компанијата Zagato со својот последен проект уште еднаш покажува за што е способно познатото дизајнерско студио. Со цел да се прослави италијанско-американската автомобилска „љубов“, претставен е Zagato IsoRivolta GTZ. Спортското купе е инспирирано од Iso Rivolta A3/C од 1963 година, со што се одбележува и „повторното раѓање“ на IsoRivolta брендот., што всушност е тркачката верзија на Zagato Grifo.

Zagato IsoRivolta

Севкупниот концепт на автомобилот останува непроменет, а тоа значи стилски изглед дизајниран од Zagato, во комбинација со голем американски мотор под хаубата. Изработен од карбон, купето се одликува со елегантна предница со мали предни решетки, кружни предни светла и „агресивна“ хауба.

Zagato IsoRivolta

Кога станува збор за погонот, Zagato се одлучи за 6,2-литарскиот V8 мотор од Chevrolet Corvette Z06, исто како и претходникот. Треба да се напомене дека моторот е унапреден и сега има поголема запренина од 6,8 литри. Сепак, засега не се познати моќноста и вртежниот момент, односно максималната брзина. Компанијата одлучи овие детали да ги чува во тајност, а за истите изгледа ќе треба да почекаме до октомври, кога првиот модел ќе биде доставен до својот сопственик, а Zagato ќе ги објави целосните спецификации.

Zagato IsoRivolta

Кога станува збор за производството, моделот е стриктно ограничен на само 19 единици, со тоа што во моментов се достапни уште 10. Не е позната ниту цената на Zagato IsoRivolta GTZ, но сигурно е дека ваквото задоволство нема да биде евтино.

Поврзани вести

Back to top button