Започна гласањето за Златно Тркало 2024!
Гласањето за петтото издание на Златно Тркало започнува денеска, а Вие можете да го изберете вашиот фаворит во секоја од петте категории
Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, кој претставува вистинско освежување кај македонската автомобилска јавност, ја продолжува својата традиција. Гласањето за наградата Златно тркало за 2024 година започнува, а Вие можете да го изберете Вашиот фаворит во секоја од категориите.
Златно Тркало влегува во своето петто издание, а форматот е веќе добро познат. Сите автомобилски вљубеници и ентузијасти добиваат можност преку гласање да се избере Најпосакуваниот автомобил на македонскиот пазар.
Од денеска (15 март) па се до 31 март, можете да го дадете својот глас за Најпосакуваниот автомобил во Македонија за 2022 година.
Авто Плус и останатите организатори (CarClub, RPM i CarbyVik) подготвија тестови, постови, видеа и сториња за да приближат финалистите поблиску до вас. Вам ви останува да разгледате, добро да процените и да го дадете вашиот глас во секоја од категориите. На листата се автомобили кои официјалните увозници ги номинираат, а се пристигнати на Македонскиот пазар во изминативе 12 месеци, непосредно до почетокот на гласањето.
Оваа година во конкуренција влегуваат 14 автомобили кои се поделени во пет различни категории и тоа:
Најпосакуван семеен автомобил
SsangYong Torres
Haval H6
Nissan X-Trail
Peugeot 2008
Mazda CX-60
Најпосакуван градски автомобил
Opel Corsa
Renault Megane E-Tech
Peugeot 2008
Најпосакуван електрифициран автомобил
Renault Megane E-Tech
Škoda Enyaq
Volkswagen ID.7
Toyota C-HR
Mazda CX-60
Најпосакуван премиум автомобил во Македонија
Audi Q8
Porsche Panamera
Maserati Grecale
Најпосакуван автомобил во Македонија – Главна награда
Jeep Avenger
Porsche Panamera
Nissan X-Trail
Toyota C-HR
Škoda Enyaq
Renault Megane E-Tech