Започнува Златно Тркало 2021 – објавена долгата листа

Второто издание од Националниот Избор на Најпосакуван Автомобил во Македонија ги започнува своите активности. Организаторите ја објавија листата на новитети од која импортерите ќе можат пријават учесници

По успешното прво издание, организаторите на изборот Златно Тркало, во соработка со импортерите на нови автомобили во Македонија, ја оформија листата на новитети за второто издание на Националниот Избор на Најпосакуван Автомобил. Тоа се возила кои пристигнаа или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето, од кои импортерите ќе можат да ги пријават своите адути-учесници. Од дадените пријави, ќе се оформи листа во петте категории, а сите Вие ќе можете да гласате за Вашите фаворити.

Новитет оваа година ќе биде категоријата Најпосакуван Премиум Автомобил, каде секако ќе се најдат кандидатите од премиум сегментот.

И оваа година организатор на настанот е Авто Плус, заедно со CarClub, CarsByVik и PRM.mk

Ова се потенцијалните кандидати
AudiMercedes-BenzHAVAL
Q3 SportbackGLAH6
E Class
GLB
GLE/GLE Coupe
GLS
S Class
BMWMINIMahindra
2 Series GCCooper SEKuv 100
4 Series
X6
Fiat RenaultFord
Tipo CrossClioPuma
CapturKuga
SeatHyundaiŠkoda 
Leoni10Octavia
Venue
JaguarToyota Volkswagen
F-TypeYaris HybridGolf
Jeep VolvoLand Rover
Compass 4xeXC40 PHEVDefender
Discovery Sport
DFSK CitroenPeugeot
Glory F5C4e-208
Seres 32008
NissanDaciaPorsche
JukeSanderoTaycan
Logan
DR AutoHonda
Dr 6Jazz

Наскоро по пријавата на кандидатите, ќе ја објавиме финалната листа на учесници кои ќе конкурираат за наградите Златно Тркало, а за секој кандидат ќе биде обезбедена вест, пост и/или видео со нашето мислење, како и сите останати организатори. Секако, на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk ќе ги поставиме на гласање финалистите, а Вие ќе треба да го дадете Вашиот глас во сите категории. Дел од оние што гласаат ќе ги поканиме и на финалното гала доделување на наградите кое ќе се одржи во текот на годината.

Следете не нас и официјалниот сајт www.zlatnotrkalo.mk  како и останатите организатори на настанот.

 

Поврзани вести

Back to top button