fbpx

Женева 2018: FIAT подготвува спортско Tipo

FIAT ќе го искористи салонот во Женева да ја покаже новата спортска верзија на својот модел Tipo

FIAT ќе го искористи салонот во Женева да ја покаже новата спортска верзија на својот модел Tipo, тврди изданието Car Magazine, повикувајќи се на свои извори блиски на компанијата.

Засега нема детали што точно ќе нуди Tipo Sport, како условно се харекува автомобилот засега, но не треба да се очекува сериозно зголемување на моќноста, како и поагресивни детали. Во моментов Tipo се нуди со 1.4 бензински и 1.3 и 1.6 дизел мотори, а најмоќниот од нив е со 120 КС.

Не е исклучено моќноста да порасне на најмалку до 140 КС. Во минатото Tipo имаше успешни спортски верзии, а некои од нив се карактеризираат со револуционерни за годините, со дигитална табла. Моќта кај една од верзиите беше 150 КС.

Поврзани вести

Back to top button