fbpx

Женева 2018: Morgan најавува Plus 8 50th Anniversary Edition

На овогодинешниот Салон на автомобили во Женева, Morgan Motor Company ќе ги изненади своите фанови со светската премиера на специјалната серија за јубилејот на легендата Plus 8

Како што сугерира името, ограниченото издание Plus 8 50th Anniversary Edition ќе има само 50 автомобили, секој со поединечен сериски број. Се работи за претставник на последниот модел кој ќе биде опремен со 4.8-литарскиот V8 мотор на BMW. Со повеќе од 6.000 копии произведени во текот на последните 50 години, Morgan Plus 8, кој тежи само 1.100 килограми е еден од најбрзите автомобили во светот со V8, способен да забрзува од 0 до 100 km/ч за 4,5 секунди и максимална брзина од 250 km/h.

1 | Morgan
2 | Morgan
3 | Morgan

    Понатамошни детали за ограниченото издание zа 50-годишнината на Morgan Plus 8 ќе бидат објавени за време на премиерата на Салонот за автомобили во Женева.

    Поврзани вести

    Back to top button