Женева 2018: Aygo обновен и со зголемена на моќ
Една од премиерите на Toyota за време на автосалонот во Женева ќе биде надградениот Aygo, кој продолжува да биде еден од главните модели на марката во Европа
Автомобилот лесно може да се препознае преку дизајнот со форма на Х, кој е видлив однапред. Различни се браниците, отворите за воздух и оптиката, но целокупниот стил е зачуван. Хечбекот ќе се нуди во две нови бои Magenta (црвена) и Blue (сина), како и со нови 15-инчни фелни. Светлата се менуваат и во внатрешноста, новина е и дигиталниот панел. Постојат две нови бои за внатрешните елементи- кварц сива и пијано црно.
Моделот ќе биде достапен во три нивоа на опрема- почетната Х, потоа Х-play и топ верзијата -Х-clusiv. Просечното ниво е обезбедено со климатик и мултимедијален систем со 7-инчен екран.
Топ-варијантата предвидува специјални тркала со двојни краци, кожени предмети во ентериерот, навигација и комплекс за безбедност Toyota Safety Sense. Компанијата додава дека и понатаму ќе бидат достапни специјални верзии на Х-cite и Х-trend.
Под хаубата на обновената Toyota Aygo е лоциран преработениот 3-цилиндерски бензински мотор со систем DOHC.
Моќта на единицата се зголеми од 69 на 72 КС и веќе ги исполнува стандардите Euro-6.2. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 13,8 секунди и развива максимална брзина од 160 km/h. Во Европа јапонскиот модел ужива добра побарувачка.
Неговата продажба започна во 2005 година, а во 2009 година е забележано најдобро достигнување – 103.252 продажни единици. Во 2017 година резултатот на Aygo на Стариот континент е 84.588 продажби, со што тој ги надмина сериозно главните конкуренти Сitroen С1 (53.292) и Peugeot 108 (55.831).