fbpx

Женева 2018: SsangYong со автономен електричен SUV концепт

Јужнокорејската компанија SsangYong објави дека на салонот за автомобили во Женева во март ќе се прикаже автономен електричен концепт под името е-SIV.

Моделот е опремен со електричен мотор со 190 КС, максималната брзина е 150 km/h, батеријата со едно полнење гарантира автономија од 450 километри и 80% од нејзиниот капацитет може да се наполни со специјални полначи за 50 минути. Компанијата досега не објави други детали за беспилотното возило.

SsangYong e-SIV

Новиот e-SIV е петти прототип на SsangYong по KEV1, KEV2 (2011), e-XIV (2012) и Tivoli EV-R во 2010 година кои е на база на електрична енергија.

Поврзани вести

Back to top button