Женева 2018: Деби за нова генерација на Toyota Auris
Toyota ќе ја претстави следната генерација на својот хечбек на Auris на салонот во Женева
Заедно со моделот ќе дебитира и нов моќен агрегат – 2.0-литарски со 4 цилиндри од семејството Dynamic Force Engines, чија термичка ефикасност е 40 и 41% (кај верзијата со хибриден погон).
Новата Toyota Auris ќе добие подинамичен дизајн на екстериерот, LED фарови и различни задни светла. Се очекуваат и промени во ентериерот, но засега од компанијата-производител преферираат да ги задржат во тајност. Палетата мотори ќе биде пополнета од хибриден агрегат, во кој ќе влезе и новиот бензински мотор.
Развојот на хибридната верзија користи елементи од новата генерација Toyota Prius. Познато е дека во својата стандардна верзија новиот 2.0-литарски бензински мотор развива 171 КС и 205 Nm, а кога истиот е дел од хибридниот систем, неговата моќност изнесува 146 КС и 180 Nm вртежен момент.
Палетата мотори на сегашната генерација на Toyota Auris се состои од 1,2-литарски турбомотор (116 КС), 1.33-i и 1.6-литарски атмосферски мотори, со 99 и 132 КС, како и дизелски со 1.4 и 1.6 литри од 90 и 132 КС. Хибридната верзија е со 1.8-литарски бензински мотор кој развива 136 КС.