Женева 2018: Европската верзија на Honda CR-V и со седум седишта
Главен акцент кај Honda за време на салонот во Женева ќе биде јавната премиера на новата генерација на SUV моделот CR-V, наменет за европските потрошувачи
Главен акцент кај Honda за време на салонот во Женева ќе биде јавната премиера на новата генерација на SUV моделот CR-V, наменет за европските потрошувачи, со сериозни промени во дизајнот, суспензијата, опремата и за прв пат со внатрешна конфигурација со седум седишта.
Новата Honda CR-V доаѓа и со трансформиран ентериер, со инструментален панел составен од два седум-инчни екрани, како и копчиња за управување на потсистеми со ново позиционирање. Благодарение на зголемените димензии во споредба со својот претходник, новиот CR-V ветува дополнителна слобода за возачот и неговите сопатници, зголемен волумен на товарниот простор и за првпат моделот ќе се нуди и во верзија со седум седишта.
Од Honda велат дека патниците на последниот ред ќе можат да се потпрат на ексклузивен простор, а благодарение на позиционирање под агол од 101 степен на потпирачите, тие ќе бидат одлично решение дури и при долги патувања. За прв пат на територијата на Европа, SUV моделот ќе биде понуден со хибридна технологија развиена од брендот.
Новиот CR-V ќе биде достапен во верзија i-MMD (Intelligent Multi Mode Drive), во која се вклучени 2.0 литарскиот i-VTEC бензинец и два електромотори. Во понуда, исто така, ќе бидат 1.5 литарски VTEC TURBO бензински мотор, кој стандардно ќе биде комбиниран со шест-брзински мануелен менувач, а како опција ќе се комбинира со CVT автоматска кутија.
Двете моторни верзии на новото CR-V стандардно доаѓаат со погон на предните тркала, но од Honda се предвидени можност за имплементирање на технологијата за погон на Real Time AWD with Intelligent Control System. Првите испораки на бензинската верзија на новата Honda CR-V ќе бидат реализирани во Европа оваа есен, а хибридната модификација ќе биде лансирана во почетокот на следната година.