Женева 2018: Giugiaro со автомобил со движечко ветробранско стакло
Компанија GFG Style, чии сопственици се прочуениот италијански дизајнер Џорџето Џуџаро и неговиот син Фабрицио, ќе покаже на автосалонот во Женева нова изведба
Тоа е електричниот прототип Sibylla со иновативни решенија, соопштува Automotive News.
Погонски агрегат, создаден во соработка со кинеската енергетска компанија Envision, се состои од четири електромотори, чија моќност засега не се споменува. Должината на возилото е 5.000 mm, а висината е 1.480 mm. Тој има подвижно ветробранско стакло поради отсуството на А-носачот што овозможува лесен пристап во внатрешноста, а задните врати се тип „галеб”.
Во салонот на прототипот се монтирани четири индивидуални седишта, дисплеи за патниците одзади, конзола за управување на основните функции на возилото и дигитален инструментален панел. Развиена од Envision, технологијата за управување со електричната енергија му овозможува на овој автомобил да се интегрира кон енергетскиот систем на домаќинствата, соседството или на целиот град, а во режим на реално време анализира и прогнозира оптимална дистрибуција на енергија.
Првиот модел на GFG Style, основана во 2016 година, беше дизел електричниот суперавтомобил Techrules Ren, опремен со 6 електромотори и две турбини кои работат како генератори. Моќноста е 1.305 КС и 2.340 Nm максимален вртежен момент. Автомобилот забрзува до „стотка“ за 2,5 секунди.
Џорџето Џуџаро кој на 7 август ќе наполни 80 година, станува автомобилски дизајнер уште во 1960 година и учествува во развојот на над 100 сериски автомобили од различни брендови, меѓу кои Volkswagen Golf, Passat и Scirocco, BMW M1, Maserati Bora, Audi 80, Fiat Panda и Alfa Romeo Sprint. Создадена од него во 1981 година DeLorean DMC-12 станува прототип на „Машината на времето” во култниот американски филм „Враќање во иднината”.