fbpx

Женева 2018: Поглед на иднината на дизајнот на Hyundai

Светска премиера на штандот на Hyundai Motor на салонот во Женева одбележува концептот Le Fil Rouge, кој овозможува да се ѕирне во иднината на дизајнот на марката, со кој од компанијата покажуваат дека минатото, сегашноста и иднината се поврзани.

-Le Fil Rouge е едно осмислување на ДНК-то на дизајнот на Hyundai, кое датира од историскиот за брендот Hyundai Coupe Concept од 1974 година, коментира Лук Донкерволке, извршен потпретседател и шеф на Hyundai Design Center. -Со развивање на нашата долга историја на создавање на дистинктивни и спортски модели, ќе поставиме нова ера во дизајнот на Hyundai.

Светската премиера на штандот на Hyundai во Женевскиот салон исто така направи новата генерација на Santa Fe, како и сосема новиот кросовер KONA Electric, кој ќе биде достапен во две верзии. Првата од модификациите ќе биде опремена со поголема батерија (64 kWh) и електромотор со 204 коњски сили, а автономијата на автомобилот ќе биде до 470 километри.

Le Fin Rouge

Оваа модификација на електричниот автомобил ќе може да забрза од 0 до 100 km/h за 7,6 секунди. Втората верзија на Hyundai KONA Electric доаѓа со батерија со капацитет од 39 kWh, која ветува автономија до 300 километри. Електромоторот за оваа модификација на електричниот автомобил има моќ од 135 коњски сили и како помоќната верзија е во состојба да генерира вртежен момент од 395 Nm.

За прв пат во Европа, Hyundai исто така го претставува водородниот NEXO.

Поврзани вести

Back to top button