fbpx

Женева 2018: Претставен новиот болид на Formula E

Претседателот на FIA, Жан Тод и основачот на Formula E, Алехандро Агаг, асистирани од роботи, осигурени од главниот спонзор на шампионатот ABB, го претставија во Женева новиот болид кој ќе го користат тимовите од следната, петта сезона во шампионатот (2018-2019)

Formula EЗа прв пат беа претставени и техничките податоци на електричниот болид, кој веќе има батерија, со што ќе и овозможи да се мине една цела трка, што значи дека застанувања во боксот за промена на автомобилите ќе остане во историјата. Максималната моќност на новиот автомобил, под име Gen2, е 250 kW, која ќе се користи квалификациите, а во трките возачите ќе се потпрат на 200 kW.

Максималната брзина е 280 km. Актуелниот светски шампион во Formula E, Лукас ди Грас прогнозира дека наредната сезона пилотите ќе ja надминat границата од 300 km/h на најдолгите правци од патекте, вклучени во календарот. Споредено со тековните автомобили, тежината на Gen2 ќе биде малку повисока со минимум тежина од 900 килограми, вклучувајќи го и пилотот и батеријата со тежина од 385 килограми.

Новиот болид повторно ќе ги користи гумите со жлебови на Michelin, кои ќе бидат помалку отпорни на триење.

-Новиот болид е како автомобил на иднината и навистина е доведен до совршенство, изјави Жан Тод. – Formula E за 4 години постигна неверојатен напредок, автономијата на болидот е веќе двојно поголема, како и моќта – тоа е фантастично достигнување. Натпреварувањето веќе ужива поддршка од многу производители на автомобили, така што шампионатот ќе продолжи да развива технологии за електрични автомобили и овој болид е важна пресвртница во развојот на електрични возила.

Formula E

Поврзани вести

Back to top button