fbpx

Женева 2018: Новиот Rimac ќе забрзува побрзо од Tesla Roadster

Хрватскиот производител на хиперавтомобили Rimac Automobili го претставува на автосалонот во Женева својот втор електричен модел C_Two

Новиот модел на компанијата C_Two е главно направен од алуминиум и јаглерод, придвижуван од четири електрични мотори. Тие развиваат моќ од 1.888 КС и 2.300 Nm вртежен момент, што овозможува забрзување од 0 до 96 km/h да се спроведe само за 1,85 секунди и максимална брзина e 412 km/h. Така хрватската изведба се испоставува дека е побрз од Tesla Roadster кој крева 100 km/h од место за 1,9 секунди.

C_Two

За предните тркала производителот користел комплет од едностепени менувачи, а за задните – две нивоа такви. Автомобилот е со нула емисија, исто така, има опција да го прилагоди погонот. Тоа вклучува способност да се исклучи само една оска или односот помеѓу двете е точно 50/50. Моторот се напојува со батерија од 120 kWh, која овозможува оптимална работна температура дури и кога се вози побрзо. Според сопственикот Мате Римац, автономијата е околу 650 km.

Во хипермоделот се вградени 8 камери, два LIDAR-сензори, 12 ултразвучни сензори, како и шест емитери. Моделот C_Two ќе им предложи на идните сопственици и GPS систем, опција за автономно возење, препознавање на лицето за отклучување, старт/стоп активирање, адаптивна електрична суспензија, како и систем кој ги одредува оптималните вредности на показателите при различни временски услови.

Засега цената сеуште не е објавена, а производството на C_Two ќе започне подоцна оваа година и од моделот ќе бидат направени само 150 примероци.

Поврзани вести

Back to top button