fbpx

Женева 2018: SsangYong со електромобил со автономија од 450 km

Корејската компанија SsangYong лансира на автосалонот Женева 2018 концептен електричен кросовер под името e-SIV

Називот на прототипот се дешифрира како Electronic Smart Interface Vehicle – el-mobil со „паметен” интерфејс. Новата изведба презема идеја за надворешноста од моделот Korando од следната генерација. Сериската верзија на машината се очекува да биде достапна во 2020 година. Малку порано треба да дебитира верзијата со бензински мотор.

SsangYong

SsangYong e-SIV е со електричен агрегат, кој развива 190 коњски сили. Максималната в брзина е 150 km/h. Батеријата овозможува автономија до 450 километри со едно полнење. Капацитетот на батеријата може да се допони до 80% за 50 минути.

SsangYong

Поврзани вести

Back to top button