fbpx

Женева 2018: Уникатниот RANGE ROVER SV COUPE

Land Rover во Женева ги откри првите детали за првото во светот луксузно SUV купе - RANGE ROVER SV COUPE, кој ќе биде пуштен во продажба во лимитирана серија од не повеќе од 999 примероци и по цена од 240.000 фунти

RANGE ROVER SV COUPE е опремен со 5.0 литарски V8 бензински мотор со 565 коњски сили и 700 Nm и со негова помош се претвора во најбрзиот пазарен предлог на Range Rover. Луксузниот автомобил кој ќе се составува рачно од специјалистите на единицата SVO на Jaguar Land Rover, е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за 5,3 секунди и да развие максимална брзина на движење од 266 km/h.

Од Land Rover коментираат дека со исклучок на предниот капак и долниот дел на вратата на багажникот, сите конструкциски панели, вклучувајќи и предниот и задниот браник, на RANGE ROVER SV COUPE се целосно нови. Светлата се целосно диодни (144 единици и 4 ласерски), натписите во предниот и задниот дел на кабината се рачно изработени во Birmingham Jewellery Quarter, предните седишта доаѓаат со можност за регулација на 20 начини, а задните во 10, а купувачите ќе можат да избираат меѓу осум основни бои на екстериерот, во вкупно четири сосема нови брендови, како и четири 16 SV Premium Palette дополнителни.

Покрај специјалните седишта со климатизација, во внатрешноста на RANGE ROVER SV COUPE остваат впечаток исто така новите апликации од природно дрво, системот InControl Touch Pro Duo со 10-инчен контролен екран и 12-инчен Interactive Driver Display, 10-инчен проекциски head-up, аудио Meridian 3D Signature (1700w, 23 излези) и други.

Поврзани вести

Back to top button