Женева 2018: Задоволни изложувачи, но за жал помалку посетители
Организаторите на овогодинешната меѓународна изложба во Женева, која заврши на крајот на минатата недела, објавија дека според нивните анализи, излагачите изразија задоволство од своето учество, но сепак посетеноста е на пониско ниво во однос на последните неколку години
Според статистичките податоци дека годинава е забележано намалување од 4,5% во бројот на посетители во споредба со минатогодишниот одржан салон. На два часа пред неговото затворање, бројката изнесуваше 660.000 лица.
-Наспроти позадината на донекаде песимистичката економска клима и негативното расположение од страна на медиумите и политичарите за Салонот, ние сме многу среќни со ова постигнување, рече Морис Туретини, претседател на Женевската изложба. -Намалувањето на бројот на посетители значеше дека оние кои присуствуваа уживаа уште подобро, имаа можност да се движат послободно, имаа помалку време да чекаат во рестораните и повеќе простор да уживаат во поголем број престижни автомобили, ексклузивно демонстрирани на овогодинешното салонско остварување.