fbpx

Zenvo го претстави унапредениот модел TSR-S

Данскиот Zenvo го претстави модел TSR-S кој всушност е адаптирана верзија на моделот TSR наменет исклучиво за тркачките патеки

Zenvo планираше модифицираниот модел TSR-S да го претстави на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева, но по откажувањето на манифестацијата, овој хиперавтомобил ја доживеа својата премиера преку интернет. TSR-S претставува друмска верзија на тркачкиот модел TSR, а вниманието го привлекува со аеродинамичките елементи од видлви карбонски влакна, новиот Centripedal заден спојлер со автоматско подесување, како и комплет тркала од карбон, за кои во Zenvo им била потребна една недела за да се направи само едно тркало.

Како што е напоменато, каросеријата на автомобилот е направена од експонирани карбонски детали кои го нагласуваат фокусот на Zenvo кон лесната конструкција. Таканаречениот Centripedal заден спојлер го привлекува вниманието со својот изглед, а сето тоа е уште попрвилечно кога автомобилот ќе се појави на тркачка патека, со оглед на тоа дека истиот автоматски се прилагодува зависно од возачките карактеристики во моментот.

TSR-S привлекува внимание и со 5,8-литарскиот V8 мотор со два турбо компресори и неверојатни 1.177 КС, во пар со секвенционален менувач. Доколку не сакате да менувате брзини како професионалните тркачи, тогаш исто така има и Road режим на возење кој му овозможува на возачот да ги менува брзините користејќи го менувачот прикачен на управувачот.

Кога станува збор за перформансите, Zenvo TSR-S целосно го оправдува епитетот хиперавтомобил со оглед на тоа дека му се потребни само 2,8 секунди за да го достигне спринтот од нула до „стотка“, а од 0 до 200 km/h стигнува за 6,8 секунди. Максималната брзина на автомобилот изнесува електронски ограничени 325 километри на час.

Од компанијата истакнаа дека ќе произведат само пет вакви автомобили, а секој од нив ќе чини 1,45 милиони евра.

Поврзани вести

Back to top button