Златно тркало 2023: Објавени кандидатите за најпосакуван автомобил!
Изборот за Најпосакуван Автомобил за оваа година ги доби своите кандидати кои ќе се борат за наградата Златно Тркало за 2023
Четврта година по ред македонската јавност ќе гласа за најпосакуваниот нов автомобил. Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија и наградата „Златно тркало“ влегуваат во своето четврто издание, а од денеска се познати и кандидатите кои ќе конкурираат за титулата.
Авто Плус, во соработка со Carclub, CarsByVik и RPM.mk го стартуваат четвртото издание Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија, во кој јавноста, преку гласање на официјалниот сајт, го избира својот фаворит и миленик на четири тркала. Во конкуренција влегуваат возила кои пристигнаа или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето.
Конечната листа на кандидати изобилува со интригантни модели од различни класи, а гласачите сигурно ќе бидат на слатки маки да го одберат својот фаворит во трите категории – Најпосакуван Семеен автомобил, Најпосакуван Премиум автомобил и за Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија.
Најпосакуван Семеен автомобил
Citroën C4 X
Opel Astra
Renault Austral
Toyota Corolla Cross
Најпосакуван Премиум автомобил
Alfa Romeo Tonale
Audi e-tron GT
Range Rover Sport
Главна награда за Најпосакуван автомобил во Македонија
Alfa Romeo Tonale
Citroën C4 X
Peugeot 408
Renault Austral
Toyota Corolla Cross
Како и во претходните три години, така и овојпат, во следниот период ќе ги споделиме нашите искуства и мислења за секој од нив. Некои од кандидатите веќе ги имавме на тест, а некои допрва треба да бидат гости на нашата редакција.