Зошто фудбалерите седат на седишта за спортски автомобили?
Денес секој голем фудбалски клуб има добро опремен стадион кој ги нуди сите погодности за навивачите, како и за играчите и раководството. Дел од овој комфор вклучува седишта за спортски автомобили за резервните играчи и тренерскиот персонал.
Малкумина знаат од кадезапочнува оваа традиција. Уште во раните 90-ти години на минатиот век, сопственикот на Recaro бил назначен за менаџер на германскиот фудбалски клуб Кајзерслаутерн. На тренерот на клубот тој лично му препорачува Recaro специјално седиште, поради болки во грбот. По само неколку сезони целата клупа за резервни играчи на клубот е заменета со такви седишта. По ова и други клубови од Бундеслигата, исто така, решиле да го сторат истот на своите стадиони.
Додека Recaro почна да добива се повеќе и повеќе нарачки за слични седишта, компанијата одлучи да создаде специјална серија. Таа се разликува од вистинските седишта за спортски автомобили во помекиот тапацир, но генерално формата е идентична со „коритата”, кои ги препознаваме од тркачките или рели автомобилски изданија.
Според производителот, над 70 клубови од цела Европа во моментов користат слично седиште. Меѓу нив се и гигантите како Реал Мадрид, Барселона, Борусија Дортмунд и многу други. Некои од најсовремените стадиони имаат дури и систем за греење на седиште, кој се користи за време на зимски услови, а вреди да се напомене дека сите стадиони во Русија беа опремени со ваков вид седишта на кои се играа натпреварите од последното Светско првенство, кое заврши неодамна.