Зошто треба да престанете со дополнување на гориво при првиот автоматски прекин на пумпата
Ова веројатно е губење на пари, но исто така може и да го оштети вашиот автомобил
На сите нас досега барем еднаш ни се има случено да го дополниме резервоарот на нашето возило по автоматскиот прекин на самата пумпа, обидувајќи се да наполниме што е можно повеќе гориво, или пак да го заокружиме износот. Ова претставува лоша навика која може да не чини навистна скапо, а исто така придонесува и кон загадувањето на воздухот. А еве и како.
Сигурно сте се запрашале од каде знае пумпата кога да престане да точи гориво во вашиот резервоар.
Одговорот е дека тие се дизајнирани автоматски да го прекинат дотокот на гориво кога ќе детектираат промена на притисокот на воздухот кога резервоарот се полни. Повеќето бензински станици се опремени со пумпи кои имаат системи за рецуркулација на горивната пареа кои служат за заштита од влевање на испарениот дел во воздухот.
Со обидот за точење на дополнителна количина на гориво во резервоарот, овој систем се активира, па така вие плаќате за гориво кое преку системот се враќа назад во самата пумпа. Ова е токму поради принципот на работа на пумпата кој се потпира на притисокот и вакумот за работа.
Модерните возила се опремени со систем за испарливи горива, кој спречува испареното гориво да излезе од резервоарот. Прекумерното точење на гориво може да го оштети овој систем со повлекување на течно гориво во делови наменети за испарениот дел.
Особено во топлите денови, горивото во подземните резервоари има значително пониска температура од самиот надворешен воздух, па така со негово точење во резервоарот му се зголемува и температурата, при што се проширува, а за тоа секако му е потребно повеќе простор. Доколку го преполните резервоарот, ваков простор повеќе нема да има. Бидејќи горивото се шири, мора и да оди некаде. Така, тоа излегува преку системот за собирање на горивната пареа на вашиот автомобил. Со ова, вие плаќате за гориво кое ќе исчезне.
Пристапната пареа исто така го прави вашето возило помалку ефикасно. Откако проширеното горивото ќе заврши во системот за собирање на пареа, тоа негативно влијае на него, при што возилото станува помалку ефикасно, а исто така може и да предизвика прегревање на овој систем, кое ќе се резултира со дефект.
Помалку ефикасното возило, троши повеќе гориво.
Така, покрај тоа што вие сте во загуба со испарувањето на вишокот гориво, во дополнителен трошок сте и со количината на дополнително гориво кое го користи вашето возило при ваква неефикасна работа. Затоа, следниот пат кога ќе застанете на бензинска станица, не се обидувајте да го преполните резервоарот на вашето возило. Тоа ќе ви заштеди не само гориво, туку и пари.
Во продожение погледнете ги видеата на кои сето ова е одлично илустрирано и објаснето.