fbpx

Зошто дизел моторите ја губат својата моќ и ефикасност

Со текот на времето, дури и најодржуваните дизели започнуваат да ја губат својата моќност и ефикасност. Еве зошто е тоа така

Во принцип, дизел моторите се исклучително издржливи и можат да траат стотици илјади километри со соодветна грижа. Но, со текот на времето, дури и најодржуваните дизели започнуваат да губат моќност и ефикасност. Зошто е тоа? Постојат неколку различни причини зошто дизел моторот може да ја изгуби својата експлозивност со текот на годините, но најголемиот проблем е сепак со дизел бризгалките.

За разлика од бензинските мотори, кои користат искра за да ја запалат смешата од воздух и гориво, дизелите (претежно) се потпираат на компресија за палење на горивото. За да се добие најдобрата можна експлозија, дизелите користат бризгалки кои со екстремно висок притисок го впрскуваат горивото во цилиндрите преку низа ситни отвори. Кобинацијата на висок притисок и малите отвори предизвикуваат создавање на многу ситни капки на гориво, во форма на пареа, кои рамномерно се распрскуваат низ цилиндарот и овозможуваат почисто и поефикасно согорување.

бризгалки

Но, со текот на времето, јаглеродот може да се насобере околу бризгалките, предизвикувајќи мотор да работи помалку ефикасно затоа што не ја добива соодветната „пареа“ на гориво. Овој феномен не само што може да ја зголеми потрошувачката на горивото, туку и да ги зголеми емисиите на моторот.

Решението за враќање на моторот во состојба блиску на првичната, е употреба на адитив за чистење на јаглеродните наслаги од бризгалките. Лабараториски испитувања поврзани со ваков вид на адитиви покажале дури 11% подобрување во емисиите на азотните оксиди во емисијата на издувните гасови.

Поврзани вести

Back to top button