fbpx

ACEA предвидува: Продажбата на автомобили во ЕУ ќе опадне за 2 проценти

Европската автомобилска индустрија ќе назадува оваа година, сметаат од индустриската асоцијација ACEA, со што се потврдуваат најавите дека најдобрите години на производителите се зад нив

Предвидувајќи го првиот пад на продажбата во ЕУ во последните седум години, лоби групацијата од Брисел, ACEA, вели дека се очекува пад на новорегистрираните возила од 2 проценти во 2020 година. Продажбите во 2019 година завршија 1,2 проценти повисоко по силната потрошувачка во декември.

„Најголемиот двигател на промени во нашиот сектор е потребата да за насочување кон совеста за околината. Многу работи ќе мораат да се променат во иднина. Добра вест е што патниот сообраќај кој не содржи јаглерод е возможен“, изјави претседателот на ACEA Мајкл Менли.

Менли вели дека европските регулации треба да се погрижат дека нивните политики ќе ја „затегнат“ и зголемат глобалната конкуренција кај индустријата и исто така ќе се задржи нивото на транспорт и мобилност да биде достапно за сите.

„Веруваме дека патниот сообраќај и мобилноста мораат да останат достапни за сите, без оглед на тоа каде во Европа живеат или кои се нивните финансиски средства. Исто така, посакуваниот договор со Европската комисија би требало да се користи и како средство за засилување на глобалната конкурентност на нашата индустрија. Ова е уште поважно бидејќи ќе се соочиме со уште помал пазар“, изјави Менли.

„Во момент кога нашата индустрија масовно ги засилува инвестициите во возила со нулта емисија, пазарот е подготвен за договор – не само во ЕУ туку и на глобално ниво – така што транзицијата кон јаглеродната неутралност треба да биде многу добро управувана од креаторите на политиките. Носителите на политиките би требало да помогнат во постигнувањето на најдобрите можни резултати со задржување на неутралните технологии – со други зборови, без наметнување на специфични технологии или забрани за возила кои се уште можат да постигнат намалување на CO2“, додаде Менли.

Спасот е во електричните возила

Покрај сето ова, густата мрежа на полначи и станици за полнење – погодни за автомобилите и стопанските возила – мораат итно да се развијат ширум Европа со цел да се поддржи се поголемата примена на возила со алтернативен погон. Според податоците на оваа индустрија, ова е еден од најважните услови за постигнување на јаглеродна неутралност.

Новите технологии со ниски емисии се скапи и така ќе останат во догледно време. Со цел да се осигура дека повисоките цени нема да ја забават обновата на возниот парк, ACEA исто така повикува на доследни и економски поттикнувачки шеми за корисниците на патнички автомобили и комерцијални возила.

Автомобилските производители во Европа се соочуваат со притисоци на неколку фронтови, со трговски тензии меѓу САД и Кина, како и регулативи кои стапуваат на сила оваа или следната година, а се насочени кон намалување на CO2 емисиите.

Светлата точка за производителите е растот на електричните автомобили. Продажбата на електрични автомобили се очекува да порасне за 32 проценти оваа година според Bloomberg. Тие ќе бидат од витално значење за континуиран успех на автомобилските компании, откако Европската унија го ограничи нивото на јаглерод диоксид кои автомобилите можат да ги емитуваат на просек до 95 грама од автомобил по километар, во спротивно ќе се соочат со драконски казни.

Менли, кој исто така е извршен директор во Fiat Chrysler Automobiles, стана предводник на ACEA во декември. Европа не е единствениот регион кој се соочува со тешка 2020 година за продажба на автомобили. Кина, најголемиот светски пазар за автомобили, го забележа својот втор годишен пад минатата година, со падови во 18 од изминатите 19 месеци.

Поврзани вести

Back to top button