Amazon нарача 100.000 електрични камиони за испорака од Rivian
Дејв Кларк, потпретседател на одделот Worldwide Operations & Customer Service на Amazon објави дека компанијата нарачала 100.000 електрични возила за испорака
Иако на Twitter Кларк објави дека флотата на Amazon е електрифицирана. Новите електрични автомобили на компанијата ќе и бидат испорачани во 2021 година. Возилата се дел од планот на Amazon за придонес кон климатските промени. Според договорот кој тие го потпишаа, треба да вложат напори за да ја намалат емисијата на штетни гасови до 2040 година.
https://twitter.com/davehclark/status/1174697626685661186
Оваа нарачка е најголема досега од овој вид. Според проценките на Amazon електричните камиони за испорака треба да спречат 4 милиони тони јаглерод да ја достигнат атмосферата до 2030 година. До тоа време, компанијата ќе користи 100 проценти обновлива енергија во својата глобална инфраструктура. Планот е да се постигнат 80 проценти од ова до 2024 година.
Нема други информации за возилата. Ни останува само да го следиме овој развој на камиони за испорака, но едно е сигурно дека Rivian ќе мора да се потруди за да го задоволи својот најголем инвеститор.