fbpx

Анти кризна мерка: Најсмешни автомобилски реклами

Рекламната индустрија често се потпира на хуморот како една од најдобрите алатки за продажба, а во време на пандемија, може да послужи и како Анти кризна мерка

Со текот на времето рекламите се почесто се селат од традиционалните платформи како телевизијата и радиото кон дигиталните платформи как YouTube. За среќа, иако медиумите се менуваат, пораката сепак останува иста, а тоа е дека автомобилските производители се уште знаат да бидат смешни со цел да го привлечат вниманието на јавноста кон нивниот бренд, но и да служат како Анти кризна мерка.

Но, рекламите се корисни и во време кога владее пандемија на коронавирус и голем дел од населението е приморано да седи дома. Смешните автомобилски реклами се и начин повеќе за да се исполни времето и да се одвлече вниманието од сето она што се случува во светот. Поради тоа, ние издвоивме некои од најсмешните и најпознатите реклами за денешното издание на Анти кризна мерка, со надеж дека ќе ви го поправиме расположението.

Volkswagen 2012 Passat

Германскиот производител го привлече вниманието со својата реклама наречена The Force со која се рекламира моделот Passat во 2012 година. Симпатично дете во костим на ликот од култниот филмски серијал Star Wars, Darth Wader, со што Volkswagen дефинитивно успеа да измами насмевка кај гледачите.

Ford Focus 2013

Навистина интересна реклама на американскиот производител за моделот Focus. Рекламата е наменета за европскиот пазар, а сигурно дека нема да најдете нешто поинтересно од тоа да гледате како двајца сумо-борачи се обидуваат да се пикнат во автомобилот додека се „блокирани“ од останати возила на паркингот.

https://youtu.be/qTX_R85GMwM

Toyota Prius 2016

Моделот Prius не е привлечен со својот изглед и за тоа се свесни во Toyota, поради што во САД често е и мета на „хејтерите“. Веројатно и тоа е инспирацијата за јапонскиот производител со рекламата од 2016 година во која се шегува на сопствена сметка, а сето тоа делува интересно и симпатично.

https://youtu.be/9H-mnq2Buqo

Hyundai Genesis 2016

Интересна реклама во која главната улога на загрижен татко ја толкува познатиот комичар Кевин Харт. Тој ја испраќа својата ќерка на состанок со момче во неговиот нов Hyundai Genesis. Рекламата ги посочува технолошките достигнувања на овој автомобил на корејскиот производител, а сето тоа е спакувано со доза на хумор.

https://youtu.be/-R_483zeVF8

Ford Mustang Convertible 2005

Ford одлучи да ја лансира оваа реклама за време на Super Bowl, но рекламирање на кабриолет во зима е навистина оптимистичен потег. Но, Ford го искористи токму тоа за да ја направи оваа хумористична реклама и објаснува што се случува ако сте премногу возбудени околу својот нов кабрио автомобил и возење на ниски температури подолго време.

Поврзани вести

Back to top button