fbpx

Архитектурата PSA CMP ќе ја користат Peugeot, Citroën и Opel

Во рамките на концернот PSA платформата CMP ќе се вградува во моделите на марките Peugeot, Citroën, DS, Opel и Vauxhall, а надвор од нив ќе ја има и во некои возила на кинескиот партнер Dongfeng

За платформата CMP (Common Modular Platform) и нејзината електрична изведба e-CMP веќе се знаат доста работи од PSA. Лидерот на групата на оваа платформа сега е DS 3 Crossback, демонстриран неодамна на саемот за автомобили во Париз.

Следните модели што ќе ja користат се новите Peugeot 208, Opel Corsa и Opel Mokka. Електричните модели на групата развиени на платформата e-CMP ќе започнат со производство следната година, со Corsa и 208.

Платформата CMP ќе се користи во моделите на концернот од пазарните класи B и C.

CMP

Таа обезбедува можност за три варијанти на меѓуоскино растојание, две различни траги, неколку дијаметри на тркала и три варијанти на задниот дел. Ова овозможува безброј комбинации, вклучувајќи создавање на мали градски автомобили, седани и компактни кросовери.

Начин да се зголеми економичноста на горивото е да се подобри аеродинамиката. Само 1,5 грама јаглеводороди по километар се заштедени на сметка на рамното дно. Ова, исто така, помага да се намали отпорот, а за сметка на тоа има гуми со намалено внатрешно триење и намалено триење во подвижните делови. Тие придонесуваат за уште минус 2,5 g/km.

CMP овозможува развој на хибридни и чисти електрични модели, со моќност до 136 КС. Капацитетот на батерија е 50 kWh, која ќе обезбеди километража од 300-350 километри. Полнењето до 100% ќе биде за осум часа, но е предвидена е можност и за брзо полнење при моќност на полначот до 100 kW. Во овој случај, секоја минута надополнување ќе додаде 10 километри.

Поврзани вести

Back to top button