fbpx

Следниот Audi A4 кабриолет ќе промени два модели

Следната кабриолет верзија на Audi A4 може да добие важна задача, да го замени својот претходник, но и уште два модели во гамата на германската марка, кои се позиционирани опасно блиску еден до друг

Станува збор за отворените варијанти на Audi TT и A5, од кои според списание Auto Bild, брендот планира да се откаже од нив и на нивното место ќе ја лансира следната генерација на Audi A4 кабриолет.

Продажбата на кабриолет верзии постојано паѓа во целиот свет и компаниите или се откажуваат од нив или бараат начин да останат на пазарот, но со сериозно намалување на трошоците. Па од тука и следниот чекот на Audi. Новиот кабриолет Audi A4 ќе биде изграден на основа на А3, што значи дека креаторите од скапата палтформа со надолжно располагање на моторот, која е дел од А5 и преминуваат кон архитектурата MQB со попречно распоредени агрегати.

Audi A4

Со оваа промена следната отворена верзија на А4 нема да отстапува многу од димензиите на директните ривали – С класа на Mercedes и BMW 4, но ќе биде доста поефтина. Според непотврдени информации за Audi, разликата во цената за следниот кабриолет A4 може да достигне до 10.000 евра.

Audi A4

Поврзани вести

Back to top button