Audi го претстави освежениот S4: Повеќе стил за помалку пари
Audi ја освежи понудата во A4 семејството за 2020 година со спортската варијанта S4, a новиот модел веќе е достапен на пазарот
Audi ја обновува целокупната своја понуда за 2020 година, вклучително и спортскиот модел S4, кој се одликува со турбо погон преку силниот 3,0-литарски V6 дизел мотор. Главни адути на освежениот модел се новите детали на екстериерот предводени од елегантните предни фарови и задната светлосна група.
И додека новиот модел ќе го задржи својот V6 погон, дизајнот и инфозабавниот систем се освежени. Елегантните предни и задни светла ќе бидат збогатени со светлосен сноп кој ќе „танцува“ за време на палењето на моторот.
Досегашниот спортски пакет вклучува и црвена кочничка шапа, унапреден систем на потпирање и спортски заден диференцијал, благодарение на кој ќе биде возможно разделување на вртежниот момент на задните тркала.
Издувниот систем е нагласен, додека уникатната решетка доби изглед на пчелично саќе, додека нагласени се и предните всисувачи за воздух и издувниот систем. Како што е напоменато, турбо погонскиот V6 мотор останува на непроменети 349 КС, со Quattro погон и осумстепен автоматски менувач.
Внатрешноста на лимузината сега се одликува со најсовремениот MIB 3 инфозабавен систем со 10,1-инчен екран сместен меѓу предните седишта и се управува со допир. Audi се пофали со новиот систем кој е десет пати побрз од претходникот, а поседува и способност за управување со глас и тоа на неколку јазици.
Кога станува збор за цената, освежениот Audi S4 ќе чини за нијанса помалку – 46.600 евра, околку 270 евра помалку од верзијата од 2019. година.
Новиот модел веќе е достапен на американскиот пазар.