Audi ќе лансира нов модел на секои три недели
Компанијата Audi го објави финансискиот извештај за првите девет месеци од 2017 година, а истовремено ги најави и плановите за 2018 година
Од нив, станува јасно дека на секои три недели од лентите во фабриките на производителот ќе се симнува по еден нов модел.
Ова значи дека во 2018 година Audi ќе претстави најмалку 17 нови автомобили. Модификации на постојните модели на компанијата се вклучени во ова пласирање на новини. Официјално е потврдено дека во 2018 година ќе се појават следната генерација на A6, целосно новото крос-купе Q8, новата A3 и електричниот теренец e-tron quattro. Во 2017 година беа воведени моделите Q2, A8 и A7 Sportback, на кои сега ќе бидат додадени нивните S-верзии.
Единицата Audi Sport подготвува уште нови машини, а од засилувањата вреди да се споменат: RS 3 Sportback, RS 4 Avant и RS 5 Coupe, а ќе бидат додадени RS 5 Sportback и RS 5 Cabriolet. Покрај нив се очекува и свежо засилување во семејството спортски автомобили Audi R8, како и ново Audi A1 Sportback, што ќе се произведува во фабриката на SEAT во Шпанија. Овој автомобил ќе ја користи платформата на новиот VW Polo и SEAT Ibiza.