fbpx

Audi ги откри своите планови за 2018 година

Германскиот производител Audi го претстави својот план за развој на гамата во 2018 година, односно откри какви модели ќе претстави во наредните 11 месеци

Два од нив се веќе познати – првиот е луксузниот кросовер Q8 и новата генерација на бизнис-седанот A6, кој ќе се нуди и во караванска изведба.

Покрај тоа, компанијата од Инголштат ќе го претстави хечбекот A1 Sportback, како и SQ2 и Q3 crossover. Компактниот хечбек А1 останува без неговата верзија со три и ќе се произведува само со пет врати. Тој е изграден на модуларната платформа MQB (тоа е во основата на моделите Audi TT и Q2), а производството ќе биде преместено од погоните во Белгија, во фабриката на Seat во шпанскиот град Марторел.

Спортската крос-купе варијанта SQ2 ќе се разликува од стандардниот Q2 по некои елементи од дизајнот и ентериерот, како и моторот. Автомобилот ќе се потпре на 2.0-литарскиот турбо од Audi S3, со моќ од 300 КС и 380 Nm вртежен момент. Што се однесува до новата генерација на кросоверот Q3, исто така ќе се користи и платформата MQB.

Audi

Агрегатската понуда ќе се состои од основен 3-цилиндерски мотор, 4-цилиндерски турбо и верзија со хибриден систем. Во 2018 година, компанијата, исто така, ќе претстави целосно електричен кросовер e-tron. Неговиот протопип e-tron Sportback е со моќност 503 КС, а беше прикажан во април 2017 година на автосалонот во Шангај.

Поврзани вести

Back to top button