fbpx

Audi привремено го запира производството на E-Tron

Audi го запре производството на својот електричен SUV E-Tron со цел да го реши проблемот со производството, вклучително проблемот со снабдување со батерии

Audi претходно ги претстави E-Tron S и E-Tron S Sportback, на чие производство ќе се насочи во следниот период со цел да ги надмине проблемите со кои се соочуваат традиционалните производители на автомобили за зајакнување на електричните автомобили и да ја предизвика Tesla која зема се посилен замав и во Европа.

Производството во фабриката на Audi во Брисел е запрена во четвртокот, а погонот ќе паузира до вторник. Оваа компанија минатата година продаде околу 26.400 автомобили E-Tron. Audi, најпрофитабилниот бренд на Volkswagen групацијата, мораше да го одложи лансирањето на E-Tron на пазарот по претставувањето во септември 2018.

Поранешниот извршен директор на BMW групацијата Маркус Дусеман во април ќе ја преземе функцијата на извршен директор во Audi со цел да ги забрза напорите на реструктуирање и да се обиде да ја врати технолошката предност на брендот. Во ноември оваа компанија постави планови за намалување на отприлика на 15 проценти од германската работна сила до 2025 година во рамки на широкиот обид да се зголеми заработувачката за 6 милијарди евра.

Audi се соочува со проблем поради недостатокот на батерии кои ги добива од LG Chem фабриката во Полска, проблем со кој се соочуваат речиси сите производители во Европа, бидејќи фабриката во Полска има недостаток на капацитет да ги исполни барањата на автомобилските производители. LG Chem е единствениот добавувач на батерии за Audi, но германскиот бренд бара и други добавувачи на батерии. Jagiar I-Pace, кој е ривал на E-Tron, исто така се соочи со овие проблеми, додека пак Mercedes-Benz негираше дека ќе го намали производството на EQC од 60.000 на 30.000 поради недостатокот на батерии од LG Chem.

Поврзани вести

Back to top button