Доаѓа крајот на Дизелгејт
Audi откри дека е кон крајот на решавањето на скандалот со дизел автомобилите, кој започнa во 2015 година
По повеќе од две години подоцна, Германците сервисираа над 850.000 машини со TDI мотори, што е 80% од пријавените автомобили.
Како што потенцира Руперт Стадлер, извршен директор на германската компанија, постепено се напушта кризниот режим и се враќаат на нормална работа. Се очекува дека и останатите дизелски автомобили на компанијата ќе бидат разгледани и опремени со модифициран софтвер за управување со моторот до крајот на 2018 година, кога ефектите на Дизелгејт ќе бидат практично елиминирани.
Следниот чекор на Audi ќе биде лансирањето на повеќе електрифицирани модели, а според плановите до 2025 година, производителот ќе има 20 автомобили со различни степени на електрификација. Половината од овие предлози ќе бидат чисти електрични возила, а другите plug-in хибриди. Во развој се и возила со погон на горивни келии.