Audi со план да ги исфрли сите копчиња од своите автомобили
Технолошкиот напредок во дизајнот на автомобилите е неизбежен процес, а германскиот производител Audi ги следи трендовите и сака да постави нови стандарди
Производителите на автомобили постојано бараат начини да ги направат работите поедноставни, поелегантни и подобри. Audi е еден од производителите кои подготвено ја дочекаа дигитализацијата. Во својот модел RS Q8 како и во повеќето најнови модели има три екрани на командната табла – еден служи наместо класичните инструменти, вториот е дел од инфозабавниот систем, додека третиот ги содржи командите од клима-уредот и вентилацијата Со тоа германската компанија се ослободи од речиси сите прекинувачи и копчиња кои обично се присутни во автомобилите. Сепак, тука се уште е копчето за подесување на јачината на звукот.
Еден од сегментите во возилата кој со децении не се менуваше суштински – командната табла, во последните години доживува драстична преобразба благодарение на сеопфатната дигитализација. Додека некои го поздравуваат овој тренд, другите предупредуваат дека премногу екрани во автомобилот, со преместување на функциите и командите од копчињата и прекинувачите на екраните чувствителни на допир, го одвлекува вниманието на возачот од патот и може да смета при возењето.
Меѓутоа, Audi нема намера да застане тука, бидејќи дизајнерскиот шеф на германската компанија Марк Лихте откри дека новите модели ќе имаат многу екрани и AR технологија.
Тоа значи дека идните модели на Audi ќе имаат помалку кластери кои ќе прикажуваат помалку информации, а поголемиот дел од работата ќе го извршува head-up екран кој користи AR технологија. Двата големи екрани на централната конзола ќе бидат споени во еден огромен панел чувствителен на допир.
Лихте смета дека допирните контроли не им се допаѓаат на сите, така што алтернативниот начин за подесување на звукот на аудио системот и понатаму ќе постои, само не како копче.