fbpx

Аутомобили Гроуп ги отвори вратите за сите љубители на JLR

Љубителите на британските премиум марки денес добија можност одблизу да се запознаат и да ги тестираат своите омилени модели

Денес пред салонот на овластениот застапник за Jaguar и Land Rover во земјава, Аутомобили Гроуп, се одржа „Open Experience Day“, каде љубителите на британските премиум возила добија шанса одблизу да се запознаат и да седнат позади управувачот на некои од своите омилени модели од гамата на Jaguar и Land Rover.

На листата на Jaguar, достапни за тест возење беа моделите E-Pace, F-Pace како и освежениот XE кој неодамна пристигна и во салонот кај нас. Фановите на Land Rover добија можност да ги повозат моделите Range Rover Sport, Velar, Land Rover Discovery, како и целосно новиот Range Rover Evoque, кој неодамна го имавме на тест.

Аутомобили Гроуп

Покрај тест возењата, Аутомобили Гроуп ја искористи оваа прилика да ни го покаже и претстави освежениот Land Rover Discovery Sport. SUV моделот претставува редизајнирана варијанта на моделот од 2015 година, кој покрај визуелните измени, доби и низа подобрувања на технолошки и погонски фронт.

На листата на нови одлики се наоѓаат ревидираните предни и задни LED светлосни уреди, нова предна решетка, изменети браници и оптимизиран ентериер. Главен новитет е 48 V блага хибридна технологија, како и plug-in хибридниот погон кој ќе следи нешто подоцна.

За подетални информации може да се обратите во салонот на Аутомобили Гроуп или да ги посетите нивните веб страни на www.macedonia.landrover.com/ и www.macedonia.jaguar.com/.

Поврзани вести

Back to top button