Авто Плус 267, декември 2016-јануари 2017
Новогодишениот 267 број АВТОПЛУС декември-јануари 2017 донесува многу и интересни содржини. Новата Opel Insignia ја краси насловната страница, внатре пишуваме за нашата Средба со Великаните на Дизајнот во Милано. Ја посетивме Барселона и Задар каде ги пробавме новата Mazda3, Renault Scenic и Dacia обновената гама. На Тест имавме Volvo S90, BMW X5 40E и Nissan Juke. Ја обработивме EICMA и подготвивме интересен ММагазин. Освен последните крикови на технологија каде зборуваме за Nokia, во Авто Плус 267 пишуваме и за уметноста кај урбаниот џентлмен, за актуелните филмови и секако фитнес.