fbpx

Доделена наградата „Автомобил за вистинскиот маж“ според Машки Магазин и Авто Плус

Авто Плус како најстар и водечки бренд и комплетен медиум(магазин, тв емисија и веб портал) кој го покрива автомобилскиот свет, а од пред извесен период и составен дел од Машки Магазин, во склоп на изборот за „М Маж на Годината“ според Машки Магазин се приклучува со засебно креирана категорија, во која се погрижи да се избере „Автомобил за вистинскиот маж“ во изминатата година.

Изборот на „Автомобил на годината за вистинскиот маж“ се одвива според однапред одредени критериуми од тимот на Авто Плус и М Магазин, а на пошироката кандидатската листата се најдоа сите потполно нови модели на автомобили што своја комерцијализација на нашиот пазар ја имаа во период од последниот ден на месец февруари изминатата година до првиот ден од месец март оваа година. Жирито практично го зема салонот во Женева како почеток на Европските случувања релевантни за нашиот пазар.

Во горенаведениот период на домашниот пазар пристигнаа повеќе од 40-тина нови модели, претставници од сите класи и производители. Истите се внимателно селектирани и поделени по сегменти од што се извлечени 6-те финалисти: Audi Q8, BMW X2, Ford Focus, Kia Ceed, Peugeot 508 и Volvo V60 кои според мислењата на редакцијата влегоа во трката.

Avtomobil za vistinskiot maz
Како „Автомобил за вистинскиот маж“ е избран Peugeot 508, модел кој настапува под слоганот „Радикална лимузина“

Специфичен по својата ниска каросерија, прецизно нацртаните линии, мускулеста компактна фигура и силно истакнат индивидуален стил, новиот Peugeot 508 поседува елегантен и иновативен дух, со што се наметна како идеален преставник на „Автомобил за вистинскиот маж“. Дизајнот е јасен, едноставен и пропорционален, со истакната фигура со атлетски профил. Автомобилот е инспириран од купе, но ги поседува сите карактеристики на лимузина. Покрај маркантната надворешност, моделот 508 во кабината се грижи да обезбеди целосна удобност во сите ситуации, седиштата се обликуваат околу возачот и патниците во сите ситуации, а како дополнителен елемент доаѓа и најновата инкарнација на i-Cockpit што преставува авангардно видување на опкружувањето пред возачот и неговата комуникација со автомобилот.

Avtomobil za vistinskiot maz

Благодарение на употреба на високо-технолошки системи од најновата генерација за помош при возење кои ја зајакнуваат безбедноста и помагаат при управувањето му овозможуваат на возачот подобро да ја разбере и да ја предвиди околината и условите на патот, а воедно се грижи за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Луксузен, но и достапен. Првиот во својата класа со радар за препознавање на луѓе и предменти во темница. Опремен со најновата генерација на бензински и дизелски мотори изградени во согласност со најновите стандарди за заштита на оклината кои работат во константна спрега со мануелни или автоматски менувачки кутии.

Avtomobil za vistinskiot maz
Пригодната статуетка на претставникот на регионалниот застапник за Peugeot, Еуроимпекс му беше предадена на пригодната свеченост „М Маж на Годината“ во МНТ, организирана од Машки Магазин.

Поврзани вести

Back to top button