fbpx

Bentayga Hybrid доби двојно поголем електричен опсег

Британскиот производител Bentley официјално го претстави освежениот Bentayga Hybrid кој пристигнува со двојно поголем електричен опсег од претходно

Освежениот Bentley Bentayga Hybrid се одликува со 96 kW мотор во комбинација со 3,0-литарски V6. Со ова, вкупната моќност достигнува 449 КС и 700 Nm максимален вртежен момент. Најголемите унапредувања сепак се направени во електричниот дел од погонот. Според европските тест стандарди, Bentayga Hybrid сега може да помине 50 километри користејќи исклучиво електрична енергија.

Ова не се некои спектакуларни бројки, но моделот од 2020 година можеше да помине само 28 километри на струја. Bentley исто така истакнува дека истражувањето кое го направи врз сопствениците на Bentayga Hybrid открило дека 50 проценти од нивните патувања се помали од 50 километри.

Оттаму производителот тврди дека во реалниот свет, V6 моторот нема да има ни приближно важна функција како што се очекува. Електромоторот би требал барем да му помогне да ја намали потрошувачката на хибридниот модел во однос на стандардната Bentayga. Нешто што моделот од првата генерација не успеа да го достигне.

Интересно, Hybrid Efficency Accelerator Pedal има засек кој им помага на возачите да знаат кога премнуваат од електрична енергија на користење на моторот со внатрешно согорување. Не само тоа, туку педалата може да пружа отпор или да вибрира. Така, педалата за гас реагира при наближување на зона во која има ограничена брзина за да го натера возачот да забави и да заштеди енергија.

Bentayga Hybrid

Електромоторот може да функционира до брзинa од 135 километри на час, по што моторот на внатрешно согорување стапува на сцена. Кога станува збор за сопирањето, од Bentley истакнуваат дека вложиле напори за да направи да се чувствуваат како стандардни хидраулични сопирачки.

Од друга страна, тука станува збор за класична луксузност која е препознатлива за Bentayga. Возачите во внатрешноста се сретнуваат со 10,9-инчен инфозабавен екран. Apple CarPlay пристигнува како стандард, кожниот тапацир се наоѓа насекаде во ентериерот, а деталите се навистина врвни.

Екстериерот исто така е освежен, како и остатокот од опсегот на Bentayga, со нов светла и нешто поинтересна каросерија.

„Bentayga Hybrid е следниот чекор на нашето патешествие за да станеме водечка одржлива компанија за луксузна мобилност во светот. Bentley ќе се трансформира од 100 години стара компанија за луксузни возила во нов, одржлив, целосно етички пример за луксузност. Bentayga Hybrid е првиот модел кој ќе ја предводи нашата неодамна претставена Beyond 100 стратегија“, изјави Едриен Холмарк, извршниот директор на Bentley.

Поврзани вести

Back to top button