fbpx

Bentley Mulliner Bacalar ќе се појави на Саемот во Женева

Mulliner дивизијата на Bentley го најави дебито на новиот модел Bacalar и тоа веќе за почетокот на следниот месец и Саемот за автомобили во Женева

Станува збор за луксузен GT автомобил кој ќе се изработува рачно и во мошне ограничен број на примероци, а своето име го добива по езеро во Мексико. Засега е познато дека Bentley Mulliner Bacalar ќе добие стајлинг инспириран од изгледот на Bentley концептот EXP 100 GT, со ексклузивна внатрешност со преубав, но и драматичен дизајн.

Ексклузивно рачно изработен од Bentley Mulliner, најстариот производител на каросерии во светот, Bacalar го претставува GT во своето највозбудливо издание. Одржливите и етички изворни материјали се споени со дизајн инспириран од концептот EXP. Bentley ќе го претстави својот модел на 3 март годинава, но само малкумина ќе ја имаат привилегијата да уживаат во тоа.

Иако конкретните детали се уште не се познати, за погонот најверојатно ќе се грижи 6,0-литарскиот W12 мотор со 626 КС. Bentley планира да се произведат само од 10 до 12 примероци, по цена од околу 2 милиони долари по автомобил.

Поврзани вести

Back to top button