fbpx

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука која се однесува на малопродажните цени на бензините и дизелот во нашата земја

По трендот поскапувања кој траеше подолг период, како и драстично поскапување на цените предизвикани од ценовниот шок на светските берзи, следуваше намалување на цените на бензините и дизелот во нашата земја, со што до некаде се стабилизираше ситуацијата во нашата држава. Сега, РКЕ донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија во просек за 0,01 процент во однос на одлуката која беше донесена на 18 март.

Иако процентот делува минимално, преведено во конкретни бројки ова значи дека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за половина денар, додека Еуродизелот поскапува за еден денар.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 79 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 81 денар, додека за еден литар наточен Еуродизел ќе плаќаме 77 денари.

Од Регулаторна истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,048 прценти, а кај дизелот зголемување за 0,668 проценти.

Поврзани вести

Back to top button