fbpx

Бензините поевтинуваат, кај дизелот нема промени

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука кога станува збор за малопродажните цени на горивата во нашата земја

Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени на горивата, Регулаторната комисија за енергетика ги утврди најновите цени за бензините и дизелот во Македонија. Според најновата одлука, се врши намалување на цената во просек за 0,27 проценти во однос на минатата недела.

Ова минимално намалување пред се се однесува на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, додека малопродажната цена на Еуродизелот останува непроменета до следната недела.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ бензините ќе се точат за половина денар пониска цена. Конкретно ова значи дека Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 74,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се точи за 76,50 денари по литар гориво. Цената на Еуродизел останува 66,50 денари по литар.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа кај бензинот за 2,6 проценти, додека кај дизелот за 2 проценти.

Поврзани вести

Back to top button