Во Берлин веќе се тестираат првите автономни возила
Електрични минибуси, дело на Navya и EasyMile, веќе ги минуваат првите тест-километри во кампусот на еден од Берлинските универзитет, пренесуваат пациенти на универзитетската клиника Шари, вработени и посетители
Проектот е тест за автономни возила, патувањата се бесплатни, а финансирањето е од Сојузното министерство за животна средина, која одвои 4,1 милиони евра за да се реалира истиот. Возилата собираат до 11 луѓе и развиваат брзина до 12 km/h.
Првиот дел од проектот предвидува дека ќе има возач за да интервенира во управувањето доколку е потребно и доколку се добијат потребните резултати, тогаш во втората фаза, од пролетта следната година електричните минибуси ќе станат целосно автономни и ќе ги извршуваат доставите сами.
Официјални претставници на Министерството, за проектот рекоа дека фатална несреќа на Uber во САД нема да ја запре програмата, бидејки ова е иднината. Сепак, прецизираа дека во Германија тестирањата на автономни автомобили и натаму ќе се одвиваат со највисоки безбедносни мерки, па затоа истите се спроведуваат на затворени терени, како овој во Берлин и при мала брзина.