Електричниот BMW X3 станува iX3?
Електрификацијата на моделите е приоритет за Баварците, а заедно со ова е регистрирањето, поточно патентирањето на одредени имиња за новите модели
Патентирањето на iX3 ознаката, покажува дека можеби претстојните електрични модели ќе бидат етикетирани на овој начин.
Електричната верзија на X3 ќе биде првиот SUV на ваков погон од BMW, а официјално ќе биде понуден на пазарот во 2019 година. Засега не се споменуваат други изданија во класата на SUV остварувања, но се претпоставува дека ќе ги има повеќе во иднина, бидејки Баварците веќе ги заштитија имињата од iX1 до iX9.
Ова некако се вклопува во плановите на BMW, до 2025 година, продажбата на електрични автомобили да биде 25% од вкупниот пласман на со iX3 ќе биде лансиран i5 – концептот на Vision Dynamics ја покажа идејата зад овој модел и неговото производство се очекува да започне во 2020 година.