fbpx

BMW конечно со Android Auto од следната година

Германскиот производител ќе започне од јули 2020. година да го воведува Android Auto системот кој овозможува лесен пристап до навигација и апликации

Од јули следната година, германскиот производител ќе започне со поддршка за Android оперативниот систем во своите модели на автомобили. Тоа нема да биде се, тоа ќе биде поддршка за бежично поврзување, што ќе го направи BMW еден од ретките производители кои во рамките на својот инфозабавен систем ќе нуди опција за Google поддршка без поединечно барање на сопственикот на автомобилот.

Новиот бежичен систем ќе биде интегриран во сите возила на BMW кои поседуваат 7.0 софтвер, кој ќе спречува вниманието на возачот да биде попречувано од употребата на паметните телефони.

Android Auto на автомобилите на BMW ќе се појави со верзијата 7.0 iDrive софтверот и „Live Cockpit Professional“ хардверот, што се однесува на големите екрани чувствителни на допир во автомобилот. Сето тоа ќе биде овозможено во 2020. година на моделите од Серија 3, Серија 5, Серија 7 и Серија 8, како и на најновите Х3, Х5 и Х7 SUV моделите. Со оглед на тоа дека станува збор за бежична варијанта на поврзување, корисниците сепак ќе мораат да имаат модели на Pixel, Nexus и Samsung телефони.

BMW Android Auto
BMW M135i

BMW е еден од последните производители на автомобили кој одлучи да вгради Android Auto во своите модели, особено откако Toyota претходно во текот на годината ја додаде таа функционалност заедно со Apple CarPlay услугата. Баварскиот гигант ја нудеше Apple CarPlay услугата во своите модели веќе неколку години, но на сопствениците на возилата им наплатуваше дополнително за користење, се до минатата недела кога и таа одлука беше променета.

Германскиот производител својот најнов систем ќе го претстави на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас во јануари.

Поврзани вести

Back to top button