BMW ја покажа новата Z4
Германскиот производител BMW објави фотографии и официјално видео со кое се претставува новата генерација на родстер Z4
Снимениот автомобил е топ-верзијата на моделот – M40i, бидејќи Баварците не „смеат“ да ја пуштаат модификацијата BMW Z4 M. Официјална информација за динамичките вредности на моторот на родстерот во оваа опција не се објавени, но сепак е познато дека тоа ќе е нов во линија шестцилиндерски агрегат, кој според познавачите, ќе биде со моќност од околу 385 КС.
Она што е потврдено е дека оваа верзија на машината ќе добие пакет BMW M Performance, кој вклучува спуштена спортска суспензија со амортизери со електронско управување, ново предно потпирање, алуминиумски тркала со гуми со различна големина на предната и задната оска, спортски систем за сопирање и блокада на задниот диференцијал со електронска контрола. Нема детали ни за ентериерот на новата BMW Z4, но се очекува тој да располага со нов систем iDrive со оперативен систем 7.0.