fbpx

BMW ќе прави Gran Coupe верзија на M4

Некои од клиентите на М-палетата на BMW имаат навистина огромни апетити - посакуваат нов модел со 4 врати, а изборот е ограничен меѓу М3 и М5

Фановите на Баварците се поттикнати од потегот на Audi, кој се обидува да се наметне со RS5 Sportback и затоа тие бараат М4 – како M4 Gran Coupe. Ова од централата од Минхен порачуваат дека може и да се случи, но тешко дека ќе е во рамките на оваа генерација на моделот. Според неофицијални информации од компанијата, ќе треба да почекаме уште неколку години, за да видиме верзија на M4 со четири врати и додатокот Gran Coupe. Таа ќе биде изградена врз основа на наследникот на актуелниот модел F36.

Gran Coupe

Наместо создавање на нова верзија на М4, во BMW вложуваат во развојот и промоцијата на интересни модификации на возбудливи автомобил.

Веќе ги имаат моќниот М4 CS, а пред тоа и ограничената серија GTS. Кога сепак ќе се појави следната генерација на М4? Се претпоставува дека прво BMW ќе ја лансира следната М3, а тоа треба да се случи во втората половина на 2019 или почетокот на 2020 година. И малку потоа да почне и производството на новиот М4.

Поврзани вести

Back to top button